Категории

Урнебесни нешта кои жените ги пребаруваат на Google

Секој човек кога нешто сака да дознае, првото нешто што го прави е го пребарува тоа на Google. Ако треба да откриете како да пристигнете до некаде, тоа можете да го изгуглате. Ако треба да знаете каква ќе биде временската прогноза утре, секако ќе го изгуглате. Гуглате и прашања за кои луѓето мислат дека се толку глупави па не сакате тие да дознаат дека барате одговор на нив.

Жените имаат многу прашања, што значи дека Google го употребуваат доста често.
Ние се потрудивме на ископаме што сите жени пребаруваат и ви ги издвоивме најнеобичните пребарувања кои не насмеаа, изненадија па дури и малку шокираја.

„Како можам да ја истрижам сопствената коса?“
Сите знаеме како завршува тоа. Воглавно завршувате со најлошата фризура воопшто. Постои причина зошто фризерите посетуваат училишта и куресви за да научат како да ја направат совршената фризура. Ако стрижењето е нешто кое секој би можел да го направи, не би бимало потреба за фризери.

„Колку мачки се премногу мачки?“
Колку мачки морате да имате за да ве сметаат за луда љубителка на мачки? Жените сакаат мачки и нема број за кој се верува дека е премногу мачки. Меѓутоа, колку морате да имате за тоа да би било опсесија? Не постои магичен број и никогаш не можете да имате премногу мачки, освен ако не ви стане проблем да се грижите за нив.

„Дали можам да забременам?“
Жените секојдневно му се обраќаат на Google за прашања околу бременост. Поставуваат прашања за одредени сценарија каде се прашуваат дали можат да забременат правејќи одредени работи. Сите знаеме како се прави бебе и како се раѓа па не би требало да има забуни околу тоа дали можете да затрудните или не. Ако сте жена и не правите ништо за да ја спречите бременоста, тогаш одговорот е – да, можете да забремените. Ако имате додатни прашања најдобро е да се посоветувате со лекар, тој знае повеќе од Google.

„Ми доцни циклусот, дали сум бремена?“
Пропуштањето на циклусот често ги наведува жените да мислат дека се бремени. Бременоста не е единствена причина, но е најчеста. Тоа што ви доцни еден ден, не значи дека сте бремена. Вашата менструација може да варира и тоа е потполно нормално. Ако мислите дека вашите претпоставки се вистински, тогаш најдобро е да се обратите на лекар.

„Како да изгубам тежина преку ноќ?“
Како да се ослаби е обично најчестото прашање кое жените го пребаруваат на Google. Меѓутоа да се обидете да ослабете преку ноќ и не е толку лесно или веројатно не е воопшто возможно. Можеби ќе можете да успеете за изгубите некој килограм или два преку ноќ, но дека ќе изгубите значаен износ ќе ви е потребно повеќе од само 8 часови сон. Постојат чаеви и пијалаци кои ветуваат дека ќе изгубите килограми преку нп, но жените често не се задоволни со резултатите затоа што очекуваат дека ќе изгубат повеќе килограми. Губењето килограми и не е лесно и одзема повеќе време. Рим не е изграден во еден ден.

Се гуглаат самите себеси
Секоја жена во својот живот се има изгуглано самата себеси – било да сте позната и славна личност која сака да види што таблоидите зборуваат или просечна девојка која е радознала што ќе пронајде.
Голем дел од луѓето ќе пронајдат свои профили на социјалните мрежи или непријатна слика која била на нивниот MySpace профил пред повеќе од 10 години.

Прегледи:
681
Објавено на:
23.10.2020