Уште денес сонце, па доаѓа невреме ширум Македонија

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 29 до 36 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Вo среда попладне и кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи, а в четврток на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, кога ќе има и услови за локална појава на невреме со град.




Коментари

коментари