Уште една причина зошто да го посетите Лондон: отворен првиот нудистички паб

Лондон е светска туристичка дестинација, а сега има уште една причина заради која треба да го посетите овој феноменален град.

Лондон од секогаш важи за место во кое се ужива во големи количини на пиво и каде различни пабови се наоѓаат буквално на секој агол. Иако овие места нудат многу забава, населението на овој град сакало нешто повеќе и барале нова идеја која ќе им овозможи уште поголемо уживање.
Па така, пабот под името „Coach & Horses Pub“ добил лиценца за нудизам, што му ја дава титулата прв лондонски нудистички паб. Тие кои ќе го посетат пабот можат да уживаат во своите омилени пијалоци без облека, без при тоа да се плашат дека некој ќе ги пријави или ќе ги уапси.


Во пабот ќе има посебни кабини кои ќе овозможуваат сите работи кои ги носат посетителите да бидат на безбедно место. Исто така, сите ќе добијат чисти пешкири и прибор за хигиена за максимално да се намали ризикот за пренос на полово-преносливи болести.
Сексуалните активности се строго забранети и сопствениците на пабот тврдат дека тоа никогаш нема да се дозволи на тоа место, но дека мажи и жени без облека ќе можат слободно да се движат низ локалот, се додека на нивната маса имаат кригла пиво или некој друг омилен пијалок.
Многумина имаат негативен став кон оваа идеја бидејќи сметаат дека така ќе се зголемат криминалот и сексуалните активности во пабот, но сопствениците уверуваат дека ќе бидат во постојан контакт со властите и ќе ја спречат секоја непримерна активност.


Деталите поврзани со ценовникот се уште не се откриени, но се претпоставува дека влезот во пабот, како и самиот ценовник ќе бидат исти и единствениот услов за влез ќе биде да ја соблечете облеката и да уживате во нудизмот.




Коментари

коментари