Усовршете ги своите вештини во скокањето на јаже. Учествувајте во „Single Double Triple“ работилницата!

Оваа сабота, на 20. октомври, CrossFit Skopje организира работилница наречена „Single Double Triple“, каде што сите љубители на физичката активност ќе имаат можност да учествуваат и да ги надоградат своите вештини преку скокање на јаже, а тренерот Жарко Батич ќе се погрижи за текот на настанот, загревањето и усовршувањето на вештините.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zarko Batic (@batic.zarko) on


Single Double Triple“ е работилница за сите оние кои сакаат правилно да научат да скокаат на јаже, а воедно и за оние кои мислат дека знаат да скокаат, со цел да ја надградат и тестираат својата вештина и капацитет. Скокањето на јаже е основа во развојот на кардиоваскуларниот систем.

Структура на часот:

  1. Соодветно загревање
  2. Прогресија во движењето
  3. Усовршување на вештината

Оваа работилница ќе заврши со следниот тест:

  1. 100 x Double Unders за време
  2. 50 x Triple за време

Работилницата ќе се одржи во просториите на CrossFit Skopje со почеток од 11 часот, а ќе трае до 12 часот. За сите членови на CFSK работилницата е бесплатна. Цената за сите заинтересирани изнесува 500 мкд.




Коментари

коментари