Категории

Успешните луѓе ги прават овие неколку нешта по будењето

Тоа што го правиме наутро ни го одредува и текот на останатиот дел од денот. Ова се навиките на успешните луѓе, кои тие ги применуваат по будењето.

Челзи Хендлер – продуцент на шоуто Челзи

Таа станува и ги шета кучињата. Прво, по собата а потоа низ скалите и низ дворот. Потоа чита 20. минути, па почнува да се подготвува за денот.

Езра Клеин, главен уредник на Vox

Тој прво медитира околу 15 минути, а потоа чита книга околу 45 минути. Се обидува да ја применува оваа навика, иако често напорниот распоред не му го дозволува тоа. Тој не сака да го гледа својот телефон наутро, а ако веќе го прави тоа, оди на Инстаграм, бидејќи за него Инстаграм е среќни место.

Шанел Џоунс, водител на NBS и MNBS

Таа го исклучува алармот и лежи во креветот собирајќи си ги мислите и размислувајќи за тоа што ја чека во текот на денот. Тоа и помага да не скока од креветот веднаш по алармот и да го испланира денот.

Неил Ди Грес Тајсон – астрофизичар и директор на Планетариумот Хајден, САД

Тој прво го проверува распоредот и се припрема ментално и физички за денот. Односно што денот бара од него и што тој бара од денот.

Александра Кавулакос – основач на сајтот themuse.com

Таа прво проверува меил и пие голема чаша со вода. Не се смета себеси за личност која го сака раното будење, но штом стане веднаш го почнува денот. За време на викендите, чита книга за да се релаксира наутро пред да почне да прави нешто продуктивно.

Извор : Бркајработа.мк

Прегледи:
294
Објавено на:
22.09.2017