Успешните луѓе имаат план но оставаат простор и за чуда, затоа што веруваат дека животот знае подобро!

Каде што има празна страница, има простор за чуда.

Велат дека интелигентните луѓе секогаш имаат план. Знаат што сакаат, кога сакаат и на кој начин. Имаат детално испишан планер спрема кој го обликуваат својот живот. Живеат според свои правила, се е толку предвидливо и сигурно.А тогаш се случува животот и настануваат нешта кои не се вклопуваат во тој планер.

Но кој вели дека мора да имаме план?
Се што не е дефинирано е ризик. Држи се до познатото, намали ја неизвесноста. И тогаш секој дени ни станува таков, и годините и животот. Се е предвидливо, познато, сигурно. А нашата душа сака да расте. Се храни со нови искуства, а во „сигурноста“ нема искуство затоа што се повторува секој ден.
Успешните луѓе поставуваат цели, ги запишуваат, работат на нив. Но плановите, тие се менуваат секојдневно. Не ги плашат празните недовршени мисли и денови. Успешните луѓе знаат дека не можат да ги контролираат сите услови. И не се обидуваат да го направат тоа.
Го даваат својот максимум, но оставаат простор и за чуда. Даваат слобода животот да ги изненади и да ги води низ магливи патишта. Му веруваат на животот, затоа што тој знае подобро.




Коментари

[fbcomments]