Категории

Успеси за почит на младата ученичка Стефани Сидороска

Стефани Сидороска е девојче кое верува дека клучот на успехот е да бидеш поддршка на самиот себе. Сидороска има 13 години, учи во основото училиште 00У „Јонче Смугрески“ Општина Кривогаштани.

Таа во 2015 година издаде роман кој го носи името „Стапки низ твоето срце“. За себе вели дека е љубител на добри книги, додека другарчињата се активни на социјалните мрежи, и ги отфрлаат својот потенцијал и капацитет, никогаш нема да успеат.

Пишаниот збор и е прва чиста и искрена љубов, како што вели дека во парчето хартија пронашла малку топлина, и сосема заборавила на ладните души што ги имаат луѓето. Го сака училиштето, и е одличен ученик затоа што образованието е најмоќното оружје во животот. Кај неа се појавува голем интерес за историја, хемија и љубител е на јазици.

Верува дека ќе ги исполни сите соништа за себе во иднина. На сите им порачува да пишуваат за да остават нешто зад себе, да бидат одлични ученици затоа што само тогаш ќе можат да ја зграпчат иднината во свои раце, да подаваат рака за помош, затоа што раката што дава не се суши, а нејзина огромна желба е да го запознае Игор Џамбазов.

Животот е пред вас, суров или исполнет со цвеќиња, вие ќе изберете каков живот ќе живеете. Има учевствувано на многу конкурси, и со нејзините дела се враќа со награда и тоа: Прво место на училишниот конкурс за најдобра поетска творба на тема „Цветна градина-пролетна убавина“- ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Прво место за „Најдобар читачки дневник“ – Србија Пофалница за најголема активност- ООУ „Јонче Смугрески“ Пофалница за маската „Лиле Невработена“- Туристичка агенција БРАН Пофалница за покажан одличен успех и примерно поведение-ООУ „Јонче Смугрески“ Диплома за освоено трето место на 39ти меѓуопштински натпревар на млади техничари и природници во дисциплината- Прилеп Пофалница за убава песна на поетската манифестација „Поетска гала“ Потврда за учевство на „Регионален натпревар по биологија за основно образование“ – Друштво на биолози на Република Македонија. Диплома за освоено прво место на литературен конкурс „Ден на јаболкото“ – ООУ „Блаже Конески“ Благодарница за учевство на карневалот „Прочкарска смеа за секого“- Општина Кривогаштани Диплома за освоено трето место на конкурсот „Во чест на наставникот“- Србија Диплома за освоено трето место на конкурсот „Зошто ја сакам Македонија“- Битола

Ова се дипломите на младата ученичка Стефани Сидороска:

Прегледи:
217
Категории:
Занимливости · Книги
Објавено на:
27.01.2016