Утре се одржува најмасовниот планински настан „Прв до Врв“

Во недела ќе се одржи ПРВ ДО ВРВ  најмасовниот планински настан во Македонија. Ова е омилениот настан на Скопјани на чија програма и годинава има трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и традиционален пикник на целта кај врвот.

По завршувањето на трките  е предвидена музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.

Стартовите на трките се закажани во 9 часот и 45 минути кај Музејот на град Скопје за велосипедистите, и во 10 часот кај основното училиште „Кочо Рацин“ за оние кои ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење.

Пријавувањето за учество е се уште отворено преку веб страната www.prvdovrv.mk. Регистрираните учесници ќе можат да ги подигнат своите стартни пакети во петок и сабота на плоштадот „Македонија“, а оние кои доаѓаат од другите градови и држави истото ќе можат да го сторат и во недела, на денот на трката, од 8 до 9 часот кај ОУ Кочо Рацин.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв’ во соработка со градот Скопје и со поддршка на деловната и општествената заедница.

 

 

Извор: Макфакс




Коментари

коментари