Категории

Утре сонце, задутре снег, викендов студено- еве какво ќе биде времето во наредните денови

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне во јужните делови се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а преку денот облачноста насекаде ќе се намалува.

Ќе дува слаб, а во источните делови по должината на Повардарието умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од пет до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до осум степени.

Слаби локални врнежи од дожд и снег се очекуваат во четврток во вечерните часови и во петок претпладне, а температурите ќе бидат во опаѓање.

Во деновите од викендот ќе биде постудено со пониски дневни температури, а утринските во поголем дел од земјата ќе бидат негативни.

Прегледи:
372
Објавено на:
07.02.2017