Утрински часови: Решение за оние кои немаат време за вежбање

Се двоумите кога е најдобро да вежбате? Имате многу обврски и неможете да го следите трендот во Македонија на попладневни часови? Скршете ги стереотипите, бидејќи сѐ што е во тренд и модерно не значи дека му одговара на телото и здравјето.

Нема правило, ниту пак точни показатели кога е најдобро да се вежба. Според скромното 10 годишно искуство во фитнесот на тимот на CrossFit Skopje, тие ги споделуваат овие причини кои ќе ви помогнат да се одлучите да вежбате наутро:

1. Остатокот на денот може да го посветите на сите останати приоритети;
2. Го забрзувате метаболизмот и го продолжувате текот на топење телесни масти;
3. Станувате многу повеќе фокусирани за активностите на работа или дома;
4. Стекнувате дисциплина на градење на навиките кои се од суштинско значење за здравјето;
5. Утринската енергија и свежина ја фокусирате на тренинг кој е директно поврзан со вашето здравје, а во исто време се полните со позитивна енергија и го подобрувате расположението;
6. Стекнувате одбранбен систем во телото за справување со сите психофизички предизвици на денешнава „џунгла“ во која живееме.

Едноставно пробајте! А тимот на CrossFit Skopje ќе ви помогне да ја постигнете вашата посакувана цел. Погледнете го нивниот распоред и резервирајте го часот кој најмногу ви одговара.




Коментари

коментари