Категории

Утрински навики со коишто според психолозите ќе бидете попродуктивни!

Според истражувањата и психолозите, утрото е навистина најважниот дел од денот, а доколку ги практикувате овие навики, Вие ќе се трансформирате во сосема друга позитивна личност:

  • Хидрирајте се. Дехидрацијата може да доведе до замор, главоболки и намалена концентрација. Доколку наутро се напиете вода, многу е веројатно да бидете полни со енергија, а благодарни ќе Ви бидат и Вашите когнитивни функции.
  • Испланирајте го денот. Со тоа ќе имате јасна претстава за она што треба да го постигнете, нема да се чувствувате преоптоварени и ќе го намалите нивото на стрес.
  • Ослободете се од работите коишто Ви го одвлекуваат вниманието. Во денешниот дигитален свет навистина е тешко да се ослободиме од сите светечки екрани уште рано наутро, но доколку успеете ќе се чувствувате многу поенергично.
Прегледи:
199
Објавено на:
14.03.2024