Категории

Утринско кафе има свои предности – го чисти организмот и го забрзува метаболизмот

Кафето е неизбежен утрински напиток за многумина, а без оглед на тоа како го консумирате, содржи бројни погодности за нашиот организам

Малку калории
Додавањето млеко, павлака или шеќер во кафето може да биде примамливо, но овие додатоци содржат калории. Ако подготвите шолја обично црно кафе, во неа ќе најдете вкупно 5 калории и 0 грама шеќер.

Брз метаболизам
Кофеинот е природен додаток за согорнување на маснотиите, но додавањет млеко и шеќер во омилениот напиток тој ефект се поништува. Исто така истражувањата покажуваат дека црното кафе може да го забрза метаболизмот за 3-11 отсто.

Кафето е диаретик
Ако после конзумирањето кафе морате да одите почесто во тоалет, сигурно знаете дека тоа е сосема нормално. Кафето е диаретик кој го чисти телото од штетните токсини.

Помал ризик од некои врсти на рак
Лабораториските истражувања покажаа дека фитохемикалиите во зрната кафе можат да помогнат во контролата на растењето на ќелиите кои го намалуваат развојот на ќелиите на ракот. Особено се однесува на ракот на црниот дроб.

Прегледи:
544
Објавено на:
29.10.2019