Категории

Уживајте во животот и прегрнете го со двете раце!

Уживајте во животот! Прегрнете го со двете раце, притиснете го и ценете ја секоја секунда. 

Сакајте ги своите деца. Прегрнете ги вашите најмили и доколку не можат да ви возвратат, пронајдете некој кој може. Секој заслужува љубов и возвратени емоции. Не прифаќајте ништо помалку од тоа.

Најдете работа која ќе ви донесе радост и не дозволувајте да бидете нејзин роб. „Би сакал да работев повеќе“, не е реченицата која ќе биде испишана на вашиот гроб.

Играјте, смејте се и поминувајте време со пријателите. Вистинското, искрено и силно пријателство е апсолутна среќа и нешто што можеме сами да го избереме. Внимателно, многу внимателно бирајте ги своите пријатели, буквално како да барате злато.

Опкружете се со убави нешта. Животот е полн со тага и болка – но пронајдете го своето виножито и не му дозволувајте да замине. Убавината ја има во се околу нас, но понекогаш мора повнимателно да гледате за да ја забележите.

Прегледи:
472
Објавено на:
06.09.2021