Категории

ВАГИНАЛНА МАНИПУЛАЦИЈА – ДА ИЛИ НЕ !?

Кога двајца луѓе живеат заедно, нормално е повремено да се скараат за работи кои нема потреба. Понекогаш, причина е кој да го фрли ѓубрето, па до тоа – кој да ја исклучи машината за веш.

Паровите се караат околу небитни работи. Неодамна е спроведено британско истражување кое покажало дека на годишно ниво паровите се караат дури 104 пати поради нередот во куќата. Често, кавгите се толку силни, и негативно влијаат врз сексуалниот живот а во често случаи сето тоа доведува до раскинување на врската.

Истражувањето покажале дека 67 % од жените одбиваат да имаат сексуален однос доколку во собата е неред. Жените на мажите често им замеруваат поради тоа што ја оставаат облеката каде ќе стигнат, а дури и 18% од мажите сметаат дека е женска работа да ја средат облеката.

Сепак, има и такви жени кои успеваат да ги наговорат своите мажи да го средат нередот кој го прават. 10% од жените признал дека често го уценуваат партнерот дека ќе имаат секс, доколу расчистат околу себе, додека пак 30 %  од мажите ја чистат куќата само поради фактот дека доколку не го направат тоа, ќе мора да ја слушаат другата половина како зборува цел ден за тоа.  Вагинална манипулација или не, проценете сами.

Сепак, причина за карење не е само машката облека. Мажите често се жалат поради количината шминка жените што ја поседнуваат, а им сметаат и нивните високи потпетици.

30% од испитаниците признале дека не се воздржуваат од фрлање на личните работи од партнерот, со се цел ослободување на простор околу себе !

Прегледи:
612
Објавено на:
08.01.2016