Вака изгледа најраскошната венчавка во Индија: Прослава во палата од 27 катови со 600 гости. Пеела и Бијонсе!

Индиската венчавка на актерката Пријанка Чопра и пејачот Ник Џонас благодарение на силниот раскош го привлече вниманието на јавноста, но се чини дека ќе ги засени ќерката на најбогатиот Индиец Мукеша Амбани, Иша Амбани.

Имено, за нејзината свадба татко и издвоил неверојатни 100 милиони долари. Венчавката ќе биде одржана во нивната палата на 27 ката во средиштето на Мумбаи, а поканети се 600 гости. Токму оваа резиденција е една од најскапите и најлуксузните во светот.

На пописот на гости се нашле и бројни славни личности како што се Хилари Клинтон, Бијонсе и нејзиното семејство, Пријанка Чопра и Ник Џонас. На оваа венчавка се поканети и бројни светски банкари, актерските ѕвезди на Боливуд, политичари и други угледни личности.

Иша се мажи за 33- годишниот могул Ананд Пирамала, пријател од детството и син на богат индиски бизнисмен. Нејзиниот татко Мукеш работи со нафта, телекомуникација, хемиска индустрија, текстил, технологија и храна, а на забавата за за својата ќерка воопшто не штедел.

Првите знаци на луксузната венчавка се појавиле со златните извезени кутии Долче и Габана во кои се наоѓале поканите за свадбата.

 

Пред самата венчавка Бијонсе за младите и ВИП гостите одржала 45-минутен приватен концерт, менувајќи неколку костими и изведувајќи ги своите најголеми хитови. Не е позната цената на настапот, но за последниот приватен настап кој го одржала во 2014. година добила 6 милиони долари.

По раскошната венчавка, домаќините организираат и прием на отворено за сите гости.




Коментари

коментари