Категории

Вака ќе изгледа Ајфон 7 со новата боја

Минативе неколку дена на социјалните мрежи кружат фотографии на кои што може да се види новиот Ајфон телефон во новата црна боја.

Нов ден, нова информација поврзана со телефонот чие претставување со нетрпение го очекуваат сите. Имено, се појавија нови фотографии на кои се гледа како ќе изгледа Ајфон 7 со новата црна боја.

Станува збор за боја која што Apple досега не ја користеше кога се во прашање паметните телефони.

Според одредени гласини, новиот уред би требало да биде претставен на 7-ми септември, а неговиот екран ќе биде со големина од 5,5 инчи.

q2

Освен големиот екран, новиот уред ќе има и дуал камера, POGO пин конектори на задната страна и ќе биде достапен во бојата која што можете да ја погледнете подолу.

q3

q4

q5

Прегледи:
551
Објавено на:
16.08.2016