Категории

Вака се опуштаа нашите баби, а сега ова стана вистински тренд за ослободување од стресот: Докажано е дека го подобрува менталното здравје кај секоја жена

И нашите баби ја користеа – оваа техника брзо го елиминира стресот!

Покрај јогата, медитацијата и различните техники за ослободување од стресот, во светот започна да доминира еден нов, но истовремено и традиционален тренд за релаксација.

Истражувањето спроведено врз 4.000 жени од целиот свет кои се занимавале со плетење, покажа дека оваа вештина успешно го елиминира стресот.

Плетењето доби статус на нова јога и медитација, бидејќи покрај тоа што ја буди креативната енергија, опушта и поттикнува пријатни емоции.

Докажано е дека жените кои плетат три пати неделно, се чувствуваат посреќно, позадоволно и поуспешно. На овој начин се намалува ризикот од анксиозност и депресија и го подобрува целокупното ментално здравје.

Исто така, плетењето има позитивен ефект врз концентрацијата, моторните вештини, вè тера да се чувствувате сигурно и самоуверено, станувате потрпеливи и го развивате внатрешниот мир.

Ако знаете да плетете, сега е вистинско време да се посветите на оваа вештина, исплетете нешто убаво за себе и за вашите најблиски и ослободете се од негативното расположение.

Ако сè уште не сте ја извежбале оваа рачна работа, запишете се на курс или замолете ги вашите баби и мајки да ве научат на благородната и релаксирачка техника на плетење.

 

Прегледи:
892
Објавено на:
31.01.2020