Ванеса Хаџинс се отвори за 5-годишната врска со актерот Зек Ефрон

Ако добро се сеќавате, Ванеса Хаџинс и Зек Ефрон беа новата млада омилена двојка во 2000-тите откако го снимија мегапопуларниот филм High School Musical.

Парот кој својата романса од филмското платно ја пренесе и во реалниот живот, тогаш беше во центарот на вниманието во цел свет. Помина речеси една деценија од тогаш и иако парот веќе не е заедно актерката сеуште има пријатни спомени од врската со Ефрон. Во едно интервју таа сподели:

„Се започна многу спонтално, и јас сеуште сум многу благодарна што имав прилича во мојот живот да искусам една таква врска во тоа време. Беше масивен феномен и сите очи беа вперени кон мене, и ми беше лесно да го пребродам сето тоа затоа што ние двата поминувавме низ исто нешто.“

Иако околу нивната врска не кружеа никакви скандали, Ванеса и Зек се разделија по 5 години заедно изјавувајќи дека тоа било адолесцентска љубов и веќе биле спремни да запознаат нови аспекти од нивниот живот.

„Не беше ништо драматично, немаше никакво вмешување на трети личности. Се заврши во многу мирни услови.“- сподели актерката.




Коментари

коментари