“Ванс“ со нова линија на патики инспирирани од омиленото семејство на Америка – Симпсонови!

Симпсоновите се цртана серија која што трае веќе неколку децении. Тие не се популарни само во САД туку и низ целиот свет. Опфаќајќи секакви теми – од политички релевантни до сосема апстрактни и банално хумористични – Симпсоновите во секоја епизода имаат содржина која би го заинтригирала секого.

Како иконичен начин да се прослави нивното постоење, „Ванс“ лансираа цела колекција инспирирани токму од нив. Иако најмногу акцент е даден на маркетинг и продажба на патиките, во колекцијата има и маички, дуксери, ранци и торби.

Колекцијата ја лансираа на 7 август и целосната може да се разгледа (или да се купи некое парче) тука.

Подоле можете да разгледате слики од за нас најинтересните делови од колекцијата:




Коментари

[fbcomments]