Вардар во срцето на Скопје: Шампионите дочекани во голема еуфорија! (ВИДЕО)

Илјадници пред аеродром, а десетици илјади на плоштадот со часови ги чекаат ракометарите, а во моментите кога тие пристигнаа, настана целосна лудница.

Нешто после 23:30 панорамскиот автобус пристигна на плоштадот „Македонија“ и тогаш ракометарите можеа јасно да видат дека цел град е на улица, поттикнат од нивниот успех.

Нивната реакција беше одушевувачка. Сите со телефоните в раце, отпоздравуваа, а емоциите беа посилни од нив.

Извор: Гол.мк




Коментари

коментари