Категории

Варено вино – одличен пијалак кој ќе ве згрее и расположи

Вареното вино е одличен пијалак кој ви помага да се расположите и загреете во есенските и зимските денови.

Топлото, црвено варено вино е совршено за забави и интимни прослави. Аромата којашто му ја даваат зачините е карактеристична и примамлива, поради што луѓето тешко можат да му одолеат.

Во комбинација со чоколадо се добива уште попримамлив напиток кој ќе ви ја стопли душата и ќе ви го подигне расположението.

Потребни состојки за подготовка:

  • едно шише црвено вино
  • 50 грама шеќер
  • 250 мл вода
  • 100 мл цеден сок од портокал
  • 100 мл цеден сок од лимон
  • 2 стапчиња цимет
  • 3-4 каранфилчиња

Начин на подготовка:

Ставете го виното на тенџере на тивок оган, додадете ги цедените сокови од лимон и портокал, водата и шеќерот. Течноста оставете ја да се грее 10 минути. На крај, со мала цедалка извадете ги зачините. Сервирајте го виното топло, во голема стаклена чаша.

Прегледи:
654
Објавено на:
14.11.2017