Категории

Вазелин – Тајното оружје за долга и цврста коса – Еве како да го употребувате

Денес ќе ве запознаеме со начинот на употреба на вазелинот за постигнување на долга и бујна коса.

Вазелинот може да се користи на разни начини при што тој му дава на ноктите, кожата и косата сјај и блескав изглед. Меѓутоа дали сте знаеле дека е особено корисен кога е во прашање растењето на косата?
Денес ќе ве запознаеме со начинот на употреба на вазелинот за постигнување на долга и бујна коса.

Мал број жени можат да се пофалат со совршена коса. Долгата и убава коса бара доста нега и посветеност, односно, време кое ви е секогаш драгоцено. Еден од наједноставните начини на одржување на косата здрава, силна и убава е добрата хидратација. Иако на пазарот постојат голем број производи кои можат да и ја дадат потребната влажност на вашата коса, вазелинот е природен и далеку попристапен од сите нив.

Сувата коса е склона кон кршење што исто така влијае на постигнување на саканата должина. Одржувањето на косата влажно спречува раздвојување на врвовите и го поттикнува растењето на косата.

Како се користи вазелинот на косата?
Ако сакате да и дадете влажност на вашата коса, нанесете мала количина вазелин на врвовите на косата. Од друга стран ако сакате да го примените вазелинот за раст на косата, вмасирајте мала количина вазелин на темето на главата. Стимулацијата на коренот го поттикнува растењето на косата.

Како е најдобро да се нанесува вазелинот на косата?
Се препорачува тоа да биде навечер, непосредно пред заминување во кревет, со цел вазелинот да добие доволно време да продре до длабоките слоеви на косата. Исто така не се препорачува неговото користење повеќе од еднаш неделно затоа што е исклучително масна супстанција и може да ја преоптерети вашата коса.

Како да го отстраните од косата?
Темелното шампонирање со благ шампон во кој по потреба можете да додадете лажица до две сода бикарбона може да заврши одлична работа.