Категории

Важни животни нешта кои мораш да ги запомниш

1.Во животот има тешки денови. Понекогаш ги мразиш утрата и немаш сила да станеш од својот кревет. Понекогаш плачеш во ноќите пред да заспиеш. Но тие денови ќе поминат.

2.Понекогаш едноставно мораш да прифатиш дека не се чувствуваш добро. Едноставно треба да ги откажеш плановие, да си подготвиш топол напиток и да останеш добра. Понекогаш тоа е единственото нешто кое ти е потребно.

3.Како и да е, немој да дозволиш чувствата да те контролираат. Во ред е да не правиш ништо еден ден, или два. Но немој тоа да се претвори во недела.

4.Остани во кревет толку долго колку што ти е потребно, но кога еднаш ќе станеш тогаш биди подготвен да го освоиш светот.

5.Не мораш да правиш големи нешта за да бидеш горд на себеси. Понекогаш тоа може да се и некои мали и сосема незначајни, едноставно прави нешто кое ќе те натера да се чувствуваш добро.

6.Немој да се лутиш на себеси, тоа никогаш не донесува ништо корисно.

7.Грижи се за себеи. За своето тело, мисли, се околу тебе. И прифати дека понекогаш нештата не се одвиваат како што посакуваш.

8.Немој да ги отстрануваш луѓето од твојот живот, некои се тука за да ти помогнат.

9.Ти си онаа личност која треба да ги подигне сите скршени парчиња откако ќе биде повредена. Но знај дека никогаш не си сам, дури и тогаш кога чувствуваш дека си.

10.Чувствата доаѓаат и си одат, немој да мислиш дека имаат моќ врз тебе, прифати го тоа. Секогаш постои втора шанса за да започнеш од почеток.

Прегледи:
267
Објавено на:
05.11.2020