Категории

Ве мачи главоболка? Направете сами природен лек против неа!

Мал е бројот на луѓе кои никогаш не пателе од главоболка. Постојат многу видови на главоболка, меѓутоа за главоболката предизвикана од стрес, заговорниците на народната медицина нудат природен лек во вид на балсам.

Се прави во домашни услови, а кога ќе почувствувате главоболка, треба да ги намачкате слепоочниците, а потоа да се опуштите. Балсамот единствено не се препорачува за бремени жени и мали деца. Инаку е потполно природен производ, без никакви адитиви кои би можеле да наштетат.

Потребни состојки:

  • лажичка восок од пчела
  • 5 лажички слатко масло од бадем
  • 18 капки етрично масло од нане
  • 7 капки етерично масло од босилек
  • 5 капки етерично масло од еукалиптус

 

Подготовка:

Во сад на пареа ставете го восокот и маслото, а потоа мешајте додека не се стопи. Етеричните масла ставете ги директно во темното шишенце во кое ќе стои балсамот, а врз нив истурете го стопениот восок и масло. Потоа промешајте го балсамот со чепкалка и оставете го да отстои додека не се стврдне.

 

Прегледи:
433
Објавено на:
13.06.2018