Категории

Вечерва почина еден од најпознатите македонски актери

Вечерва во Скопје на 86 годишна возраст почина актерот Ацо Јовановски (1930 – 2016), бард на македонското глумиште, кој целиот свој работен век го помина во Драмскииот театар од Скопје, објави порталот cooltura.mk.

Ацо Јовановски (роден на 31 декември 1930 во Скопје) е македонски филмски, театарски и телевизиски актер, еден од легендите на македонската драмска сцена. Тој е од првата генерација на дипломирани актери. Во неговата богата кариера има одиграно 10 до 12 врвни улоги, како во македонските така и во југословенските претстави, филмови. Филмската кариера ја започнува со улогата во првиот македонски филм „Фросина“ во 1952 година. Според неговите актерски остварувања може да се окарактеризира како актер кој успешно и подеднакво се снаоѓа во толкувањето улоги во комедии, историски драми и филмови со современа тематика. За нив има добиено многу награди: за животно дело, за ролји и еден орден за труд. Тој е единствениот македонски актер, кој заедно со Петре Прличко ја има добиено наградата „Славица“. • Театарски улоги: Долго патување во ноќта – Едмонд, Пепелашка – Принцот, Манде –Турчинот, Галеб – Третљов.

Јовановски има одиграно околу 40 филмски улоги: 1952 Фросина • 1955 Волчја ноќ • 1959 Виза на злото • 1961 Мирно лето • 1962 Крст Ракоч • 1965 Денови на искучение • 1967 Македонска крвава свадба • 1968 Планината на гневот • 1969 Време без војна главна • 1970 Цената на градот…

Прегледи:
415
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
19.03.2016