Вечерва во Сули Ан jубилеен концерт на Пламенка Трајковска

Вечерва – седми јули, во Сули Ан, со почеток во 20.30 частот, ќе биде одржан јубилејниот концерт на Пламенка Трајковска, насловен како Ladies and Gentlemen.
Нашата еминентна виолинистка, членка на државната Филхармонија,  како и на музичката организација „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“, ќе се претстави со дел од својот богат музички репертоар, а ќе настапат и нејзините долгогодишни соработници – колегите од гудачкиот квинтет и од Trio Gentlemen.

На репертоарот се композиции од опусот со наслов ,,Светулки“ за соло виолина во поп романтичен стил, теми од албумот ,,Апасионато“ од Пламенка Трајковска, како и македонски кросовер од најавениот албум ,,Корени“.

Авторот на овој настан, Пламенка Трајковска, е наша еминентна виолинистка, членка на државната Филхармонија,  како и на музичката организација „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“. Настојувајќи да ја доближи класичната музика на широк аудиториум, Трајковска гради и негува особен, богат, препознатлив музички израз, постојано проширувајќи ја жанровската и естетската рамка на своите оригинални, воглавно и мултимедијални музички програми.

Трајковска е автор на албумот „Апасионато“, на единствениот македонски музички албум со кросовер на класичната и модерна музика, на сингловите „Светулки„, создадени во поп романтичен стил, а креатор е и на
неофицијалниот музички албум „Црвената виолина„ со интерпретации на латино теми. За најмладите – за идните вљубеници во класичната музика, Трајковска минатата година издаде музичкиот албум „Карневал на животните“ од Камиј Сен Санс, адаптиран за виолина и пијано.




Коментари

[fbcomments]