Веднаш откако се отсели Ирина: Лејди Гага се вселува во куќата на Бредли Купер!

Со месеци веќе се зборува дека американската пејачка, 33-годишната Лејди Гага ии американскиот актер, 44- годишниот Бредли Купер се заедно, а неодмна се шпекулираше дури и дека овој пар го чека и своето прво заедничко дете. Најновите информации велат дека пејачката почната да се вселува во куќата на Бредли во Њујорк вредна 13,5 милиони долари.

„Сега кога неговата врска со Ирина е завршена, Гага нема да дозволи да го пропушти Бредли. Дури и преселила дел од нејзините работи во неговиот дом“, вели изворот и додава дека заедничкиот живот е логичен тек на околностите, бидејќи тие се многу заљубени.

„Повеќе не мора да се кријат, ниту пак да глумат дека ништо не се случува“, вели изворот. Според изворот таа наводно купила многу фустани, чевли и секако, долен веш. Магазинот In Touch наведува и дека е прашање на време кога ќе се венчаат бидејќи двајцата тоа многу го посакуваат.

„Нивната венчавка ќе биде голема и раскошна. Секако, парот сака и деца. Би сакале на малата ќерка од првиот брак на Бредли и Ирина да и подарат брат или сестра.“

За потсетување, пејачката и актерот се зближија на снимањето на филмот „Ѕвездата е родена“. Нивната хемија дополнително дојде до израз на настапот на доделувањето на Оскарите.

Пејачката во февруари ја раскина веридбата со Кристијан Карин, а Бредли во јуни ја прекина врската со руската манекенка Ирина Шајк со која има и дете.




Коментари

коментари