Категории

Вегетаријански десерт: Рецепт за мафини со јаболка и ореви (без глутен)

Безглутенски мафини со чиа семе, јаболка и ореви што можете лесно да ги направите и да го израдувате вашето тело со здрави и хранливи состојки. Еве како …

Состојки:

  • 3 големи изрендани јаболка
  • 6 големи лажици мелени ореви
  • 6 лажици брашно од кокос
  • 2 лажици чиа семе измешани со 4 лажици вода
  • 2 големи лажици растопено кокосово масло
  • 6-7 лажици мед
  • 1 лажица цимет

 

За крем:

  • 1 јаболко
  • 150 гр. натопени индиски ореви
  • 1/2 замрзнати банани
  • 3 лажици мед
  • вода по потреба
  • 1 лажица псилиум

 

Подготовка:

Потопете го чиа семе во вода и оставете да отстои некое време. Посебно промешајте ги израндените јаболката, мелените ореви, кокосовото брашно и псилиумот, а потоа додајте го чиа семето, маслото од кокос, медот и цимет во смесата. Добро измешајте и оставете ја добиената смеса да отстои еден час.

Штом смесата ќе одстои, истурете ја во силиконски калапи за мафини и печете на околу 2000С околу 40 минути. Кога ќе изладат, гарнирајте ги со крем од јаболка, кој се подготвува на следниов начин: во блендер измешајте ги јаболката, оревите, медот и малку вода.

Прегледи:
393
Објавено на:
14.03.2020