На Алиша Кис и припадна честа да го отвори 61. доделување на Греми наградите во Лос Анџелес, а на бината се појавила во потполно природно издание.
Без нималку шминка, но полна со самодоверба во црвен фустан и со насмевка на лицето, пејачката уште еднаш ги воодушевила сите.
Пејачката останала доследна на својата одлука која ја донесе во 2016. година – дека повеќе нема да се шминка. Таа изјавила дека оваа одлука се однесува на нејзините експресии и дека никогаш не би сакала да се врати на периодот кога носела силна шминка.
„Сакам да се изразам самата себеси и би сакала сите познати дами да го прават истото“, заклучила пејачката.
„Секој пот кога ќе ја напуштев куќата се грижев дали сум заборавила да ставам шминка и дали некој ќе ме слика без шминка. Уште полошо, што ако го објават тоа некаде? Тоа беа површни несигурности, но навистина така размислував. Премногу се грижев што ќе мислат другите за мене“, рекла таа и додала: „Сакам да се изразам себеси и би сакала што повеќе дами да го прават истото.“