Веќе не го крие трудничкото стомаче: Меган Маркл во блескаво издание

Меган Маркл при посетата на Сиднеј, кој е нејзина прва станица на турнејата во Австралија, заедно со својот сопруг, принцот Хари, се појави во тесен светол фустан.

Војотката од Сасекс носеше бел фустан кој убаво го отцрта нејзиниот труднички стомак, покажувајќи дека бременоста прекрасно и прилега. Иако последните месеци ја гледавме во темни бои и пошироки кроеви, ова е вистинско освежување за идната мајка и светлите нијанси дефинитивно најубаво и прилегаат.

Целиот стајлинг го надополни со салонки, а за оваа посебна пригода позајмила и едно парче накит од мајката на Хари, покојната принцеза Дајана.




Коментари

коментари