Категории

Велешанец освои автомобил Passat GTE – Hybrid! Заврши големата наградна игра на Mozzart

Заврши големата наградна игра „За поголема еко свест, погоди најголема квота“ која ја организираa Mozzart Bet обложувалниците, во период од 18 февруари до 27 април. Без разлика на тоа што наградната игра се одвиваше неполн месец заради привременото затворање на сите уплатно-исплатни места согласно мерките на превенција и заштита од ширење на коронавирусот, од Mozzart одлучија да ја реализираат играта според планираното.

Сопственикот на тикетот со најголема квота е награден со фантастичниот автомобил Passat GTE Hybrid. Апсолутниот победник Јордан Ѓошевски доаѓа од Велес, а добитниот тикет е со погодени 8 натпревари и со неверојатна вкупна квота 66964,61. Покрај автомобилот, уплатата од 20 денари му донесе и фантастична добивка од 1.540.186,00 денари.

Од Mozzart изјавија дека никогаш не се откажуваат од своите играчи и од она што започнеле да го прават, па затоа и чувствуваат должност да бидат фер кон своите верни клиенти и оваа наградна игра да ја реализираат според планираното.

„И покрај тоа што бевме спречени да ја реализираме наградната игра во целото времетраење, остануваме на тоа да ги доделиме наградите на играчите кои направија неверојатни квоти и се искачија на првите три места на ранг листата. Оваа наградна игра, која веќе прерасна во традиција е секогаш барана и со нетрпение очекувана од нашите играчи, па токму затоа можеме со задоволство да најавиме да очекуваат и во иднина вакви кампањи кои ќе им дадат дополнителен мотив и ќе ја наградуваат нивната храброст за одигрување на вакви неверојатни тикети.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Прегледи:
690
Објавено на:
29.04.2020