Величенствените Игуасу водопади: Дали ја знаете легендата за најубавата граница на светот?

Водопадите Игуасу се наоѓаат на истоимената река, на самата граница која ги дели Бразил и Аргентина во непосредна близина на границата со Парагвај.

Називот потекнува од  јазикот на народот Гварани и во слободен превод значи „голема вода“. Една од легендите на овој народ поврзана со Игуасу водопадите говори за митскиот бог Гвараниј кој се заљубил во девојка со име Наипи.

Љубовта е осудена на трагичен крај, бидејќи Наипи не сакала да се омажи за него, туку со чамец побегнала со момчето кое го сакала низ реката Игуасу. Бесен поради одбивањето, богот Гвараниј ја разделил реката на два дела, за избеганите љубовници да бидат осудени на вечен пад. Според легендата, преку тој процеп е создден овој величенствен водопад.

Игуасу водопадите прв ги открил шпанскиот освојувач Алвар Нуњез во 1541. година. Висок е 82 метри, а широк 2,7 километри. Во ноември 2011. избрани се за едно од Седумте светски чуда.




Коментари

коментари