ВЕРГАРА СЕ ЖАЛИ: Кога легнувам градите ми завршуваат под пазувите

Колумбиската актерка и водителка Софија Вергара (43) во интервју за магазинот „Венити фер“ сосема искрено признала  дека  жали што нема вештачки гради, бидејќи нејзините гради почнале да ја губат цврстината, а тоа најмногу го забележува кога ќе легне да спие.

 

Без влакна на јазикот, 43-годишната Вергара повторно се пожалила на своите гради. Таа честопати се шегува на нивна сметка, говорејќи дека се многу големи како да е стриптизета, но овој пат открила дека почнале да и пречат.

– Барем да имам вештачки гради. Кога ќе легнам во кревет, овие моите ми се спуштаат под пазувите. Тоа не е забавно – изјавила Бергара.

 

Таа напоменала дека секогаш имала проблеми со наоѓањето на градник кој и одговара, се додека не открила една продавница за долна облека која можела да одговри на нејзините потреби.

– Кога се доселив во Лос Анџелес барав продавници кои продаваат градници за стриптизети – слаби девојки со големи гради – изјавила Колумбијката која неодамна се зжсврши со холивудскиот заводник Џое Манџаниел (38) кој минатата година беше избран за најзгоден маж на планетата.




Коментари

коментари