Верувај во личноста во која полека се претвораш

Учиш како да прифатиш каде се наоѓаш и дека секогаш можеш да заминеш од нештата кои не ти носат среќа. 

Со текот на време учиш што значи да се биде човек. Што значи да првиш грешки и да го извлечеш најдоброто од нив, она кое ќе те промени и ќе те натера да ги согледуваш нештата од друг агол во иднина. Што значи да бидеш среќен и тажен во исто време.
Со тек на време учиш како да ја вршиш својата работа на најдобар начин.

Да не бегаш од одговорностите и да не го одбираш полесниот пат туку оној пат кој ќе направи да созрееш, да станеш подобар човек.
Но најважното од се е, учиш како едноставно да бидеш. Како да постоиш. Како да разбереш дека не секогаш можеш да го контролираш животот. Дека понекогаш мораш да ја искусиш и темнината пред да ја откриеш светлината.

Учиш како да прифатиш каде се наоѓаш и дека секогаш можеш да заминеш од нештата кои не ти носат среќа. И на крајот едноставно учиш како да веруваш во личноста која полека се претвораш.




Коментари

[fbcomments]