Верувале или не, на Месечината изртија првите семиња!

Од семето кое кинеската мисија го однесе на Месечината, изникнале првите билки, пренесува Кинеската национална вселенска агенција, пренесува Би -Би- Си.

Семките ги засадила мисијата „Чанг’е-4“ и тоа е прв пат било каква биолошка материја да израсне на Месечината, а настанот се смета за сериозен и значаен чекор кон долгорочното истражување на вселената.

Веќе бевме сведоци на одгледување билки во веселената, на Меѓународната вселенска станица, но никогаш досега тоа не беше сторено на природниот сателит.

Способноста и искуството со одгледување на билки на Месечината е значајно за сите други проекти на долгорочната вселенска мисија, како што е патувањето на Марс кое би траело околу две и пол години.

Тоа би значело дека астронаутите би можеле да користат храна која самите ја одгледуваат во вселената, намалувајќи ја на тој начин потребата да се вратат на Земјата за повторно да се снабдат со намирници.




Коментари

коментари