Категории

Верувале или не, ова е најсреќната жена на светот: Освоила дури 4 лото премии!

Многу луѓе секојдневно пополнуваат лото ливчиња со надеж дека ќе освојат голема добивка. Но, дали некој помислил дека може да добие џек пот повеќе пати во животот? Џоан Р. Гинтер, 63 години, од Тексас освоила лото премија. Меѓутоа, не еднаш туку четири пати.

Првиот пат таа освила 1.4 милиони долари. Десет години подоцна – 2 милиони долари. Две години подоцна – 3 милиони долари и во 2010 година – 10 милиони долари. Вкупната добивка изнесува 20.4 милиони долари. Пресметано е дека ваквата среќа може да се случи еднаш во квадрилион години.

Сепак, јавноста ја става оваа среќа „под лупа“. Имено, Џоан е поранешна професорка по статистика на универзитетот Станфорд, па затоа постои сомнеж дека таа всушност го искористила своето знаење за да го открие алгоритмот на лотаријата.

 

Претставници од лотаријата пак тврдат дека тоа не е возможно и едноставно таа е најсреќната жена во светот. Дали тоа е среќа или пак знаење – одлучете вие.

Прегледи:
387
Објавено на:
28.01.2019