Категории

Верувале или не, овие познати дами оваа година полнат 50 години!

Оваа година тие ќе дуваат 50 свеќички на своите јубилејни торти!

1. Џенифер Лопез

Џенифер Лопез е родена 24. јули 1969 година во Бронкс, Њујорк. Џенифер покрај музиката се занимава и со глума, дизајн и танцување. Првата јавна љубовна врска и беше со раперот Пи Диди, а исто така подоцна беше верена со актерот Бен Афлек. Во 2004. година се омажи за долгогодишниот пријател и соработник Марк Ентони со кој ги доби и близнаците Максимилијан и Ема. Моментално е во среќна врска со спортистот Алекс Родригез.

2. Џенифер Анистон

Џенифер Анистон е родена на 11. февруари 1969 година во Калифорнија. Кариерата и ја одбележале награди како „Еми“, „Златен глобус“, а публиката најдобро ја запозна преку улогата на Рејчел во култната серија „Пријатели“.

Нејзиниот приватен живот честопати бил на мета на медиумите, особено поради бракот со Бред Пит во 2000. година. Од него се разведе 5 години подоцна, а медиумите претпоставуваа дека тоа е поради фактот што актерката не сака да има деца. Потоа, Џенифер имаше уште еден брак со Џастин Теру од кого исто така се разведе.

3. Кејт Бланшет

Кејт Бланшет е родена 14. мај 1969. година во Мелбурн. Најпознатите улоги ги остварила во филмовите Елизабета“, за која добила 2 номинации за Оскар, потоа „Авијатичар“ во кој ја играла Кетрин Хепберн и добила Оскар за најдобра споредна улога, а за улогата во филмот „Несреќната Џасмин“ во 2013. добила оскар за најдобра главна актерка.

Таа е во брак од 1997. година и има три синови и една посвоена ќерка.

4. Кетрин Зета Џонс

Кетрин Зета Џонс е родена 25. септември 1969. година во Велс. Нејзиниот живот се променил откако нејзините родители на лото добиле премија од 100.000 фунти. Тогаш се преселила, запишала приватно училиште и започнала да се занимава со глума.

За улогата во мјузиклот „Чикаго“ добила Оскар за најдобра споредна актерка. На сетот го запознала и својот иден маќ, актерот Мајкл Даглас со кој се венчаше во 2000. година.

5. Рене Зелвегер

Рене Зелвегер е родена на 25. април 1969. година во Тексас. Вниманието на публиката и го привлече со филмот „Џери Магваер“, а потоа освоила две номинации за Оскар за најдобра женска улога во филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“ и „Чикаго“. Во 2003. година освоила Оскар за најдобра споредна улога во филмот „Ладна планина“.

Прегледи:
422
Објавено на:
10.01.2019