Верувале или не: Вака се однесуваат пингвините кога ќе ја фатат женката во неверство! (ВИДЕО)

Замислете како влегувате дома по напорниот ден и ја фаќате жена ви со друг човек во кревет? Што би направиле? Секако, би биле неверојатно разочарани, бесни, шокирани, изненадени, лути. Можеби ќе следува вербална расправија – огромна кавга и потоа ќе си отидете од домот можеби во некој бар за да ја потопите тагата во алкохол.

Можеби ова звучи како веќе гледан холивудски филм, но таква е реалноста. Сепак, 40-50% од луѓето ги изневеруваат партнерите. Тоа честопати води до депресија, семејно насилство, самоубиство во најлош случај. Но, тоа не е случај само со луѓето. Животните изневеруваат исто така.

Ова видео го докажува тоа. Пингвинот доаѓа кај својата женка и ја наоѓа со друг мажјак. бесен, започнува борба со другиот мажјак, но пред тоа бара од својата женка да избере еден од нив – мажот или љубовникот. Таа го избира љубовникот. Потоа, мажот го употребува грбот да го изнемошти љубовникот, но крвавата борба завршува со пораз за него.

Мажјакот си оди поразен, скршен со надеж дека ќе најде утеха во прегратките на некоја друга женка.




Коментари

коментари