Категории

Верувања: Еве зошто никогаш не треба да ја убиете бубачката позната како смрдливка

Деновиве голем број на граѓани се жалат на наезда на зелените бубачки, таканаречени смрдливки.

Факт е дека овие бубачки не претставуваат никаква опасност по луѓето, но многумина или се плашат или се гнасат од нив. На вашите настојувања да ги фатите и повторно исфрлите надвор овие бубачки ќе реагираат така што во самоодбрана ќе ви пуштат смрдлива течност.

Но, она што останало во народот е почитта кон смрдливките и верување во нивните натприродни моќи. Нашите предци верувале дека:„ Кога смрдливка ќе влезе во домот – ќе има пари“.

Затоа не ги убивајте овие бубачки и дозволете им како патници намерници да се прикријат од ветерот, дождот, студот и снегот, а тие ќе ви дозволат благосостојба во вашиот дом.

Прегледи:
2594
Објавено на:
04.10.2016