Категории

ВЕТЕНО-СТОРЕНО: Тамара Тодевска истетовира стих од македонската химна!

Тамара Тодевска, на 4 јули 2019, на прием во Американската амбасада ја згреши македонската химна. Таа ја направи истата грешка и на фудбалскиот натпревар на македонската репрезентација со Белгија, во Скопје, во март 2013 година.

По нејзините грешки, се јавија многу прашања за нејзината љубов кон државата и за тоа дали можеби ја „згрешава“ химната намерно, со политички цели. Но, таа уште во 2019 за Бекстејџ изјави:

„Грешката беше ненамерна и уште повеќе ме боли кога некој не ми верува. Верувам дека тоа со тек на времето ќе избледи. Ќе ја истетовирам химната, баш онаа строфа што ја заборавив“.

Ииии, ветено-сторено! Навистина ја истетовира заборавената строфа од химната. Тамара остана достојна на својот збор.

Ветено, сторено ❤🇲🇰

Posted by Tamara Todevska on Friday, 30 October 2020

 

Прегледи:
133
Категории:
Шоу-бизнис