Вежби кои се ефикасни во борбата со ‘рчењето

‘Рчењето е чест проблем со кој се соочува популацијата. Стручните лица постојано се во потрага по нови методи со цел оваа непријатна појава да се спречи.

Стручните лица предлагаат одредени вежби при кои се изговараат гласови, се собира јазикот, се пее, се користи сламка. Целта на вежбите е да ги зацврстат ослабените мускули во горниот респираторен тракт. Со вежбите се почнува постепено, а со текот на времето се интензивираат, па стануваат несвесна реакција.
Вежбите со јазик подразбираат гласно изговарање на самогласките а, е, и, о, три минути, неколку пати во текот на денот.
За да се изведе другата вежба треба да се затвори устата и да се испакнат усните во траење од 30 секунди. Потоа да се вдише длабоко низ испакнатите усни, како да се вовлекува воздух низ сламка. Усните да се притиснат, а потоа да се издише низ нос. Вежбата треба да трае 5 секунди и да се повторува 5 пати во текот на денот.


Наредната вежба се прави така што устата се држи затворена 30 секунди со движење на вилицата во десна страна, а потоа во лева. Вежбата се повторува повеќе пати во текот на денот.
Секојдневното пеење во траење од 20 минути исто така може да го намали степенот на ‘рчење или целосно да го елиминира.




Коментари

коментари