Ви откриваме beauty тајна – Како Кетрин Зита-Џонс успева да има толку блескава кожа?

Кога ќе ја погледнете преубавата Кетрин Зита-Џонс никој не би рекол дека актерката има 50 години, зарем не?

Нејзината блескава кожа и отсуството на брчки не наведоа да истражуваме зошто нејзиниот изглед нималку не се променил од далечната 1998 кога се појави во филмското остварување „The Mask Of Zorro“. Да, поминаа дури 22 години а фамозната актерка и понатаму изгледа како топ модел.

Веројатно во таа заслуга еден дел може да се препише на нејзините добри гени, но сигурно е дека и козметиката придонесува за нејзиниот фантастичен изглед. Кетрин истакнува дека нејзината мајка уште како мала ја советувала дека „секогаш треба да изгледа најдобро што може затоа што никогаш не знае кога ќе го запознае претседателот на САД“ (сигурно зборувала за Кенеди).

Во оваа прилика ви ги откриваме тајните на 50-годишната холивудска убавица кои се заслужни за нејзината беспрекорна кожа.

Кремата со заштитен фактор е задолжителна
Кога се во прашање нештата кои секогаш ги има покрај себе, кога планира патувања, Кетрин одговара дека се работи за кремата за сунчање. Актерката сподели со своите фанови на својот Instagram профил за тоа како ситуацијата со UV зрачењето станува сериозна и како мораме да водиме грижа за заштитата на нашата кожа кога се изложуваме на сонце. Кетрин не ја прескокнува употребата на крема со заштитен фактор во нити еден миг.

Хидратацијата е нејзиниот таен ритуал
Освен крема за сончање, актерката истакнува дека преферира да употребува масла за нега и хидратација на кожата. Нејзиниот фаворит се есенцијални масла кои и самата ги меша и ги става на лицето, со цел да биде доволно хидрирано, меко и нежно.

Пилинг применува секојдневно
Со цел да му се спротивстави на преголемата маснотија на лицето, бидејќи често користи масла за кожа, Кетрин применува пилинг на лицето секојдневно. Секако во прашање е благ пилинг, со цел да не го оштети своето лице, кој е сосема доволен за да ги отстрани мртвите клетки од кожата. Нејзиниот совет до сите дами кои имаат чувствителна кожа е да применуваат пилинг 2 пати неделно со цел да не дојде до иритација на кожата.

Никогаш не водете битка со акните на своето лице
Еден од главните совети кои актерката може да ги сподели со припадниците на помладите генерации е да го прифатат фактот дека на лицето се појавуваат несовршеност и грижата за нив треба да му се препушти на професионалец. Кожата на која се појавуваат акни и мозолки  не треба да ве предизвикува да ги стискате и на тој начин да создавате маѓепсан круг од болна, воспалена и инфицирана состојба.




Коментари

[fbcomments]