Ви се скрши саксијата? Еве што може да направите

Да ви се скрши саксијата не е нешто лошо што може да ви се случи, во случајов е добро бидејќи имаме одлични предлози што може да направите со неа.

Новиот тренд во градинарството е наоѓање начин да се искористат скршените саксии, креирајќи преубави аранжмани со нив. Ако не ви се чека саксијата сама да се скрши, тоа може да го направите и сами. Натопете ја саксијата во вода и нека отстои, за да омекне. Потоа со бормашина или друг остар предмет исцртајте ги парчињата што сакате да ги добиете, а потоа со чекан искршете ја (не заборавајте заштитни очила).

Откако ќе го направите тоа, можностите ви се безбројни, а еве неколку предлози од нас.




Коментари

коментари