Вибер воведе нова услуга одлична за луѓето кои патуваат често

Луѓето кои патуваат често имаат проблем при воспоставувањето на комуникација низ светот. Поради тоа, Вибер воведе нова услуга која особено ќе ги израдува светските патници.

Преку новата услуга на Вибер, корисниците ќе имаат можност да изберат локален телефонски број од земјата каде што престојуваат и преку него да примаат телефонски повици и пораки по локални цени.

Оваа услуга – Viber Local Number моментално е достапна само во САД, Велика Британија и Канада. Всушност, можат да ја користат сите корисници на Viber, но таа е достапна само со телефонски броеви од овие три земји. Во иднина ќе бидат додадени повеќе земји во кругот каде е достапна оваа услуга.

Преку локалниот Viber број корисниците ќе можат да примаат неограничен број на повици и СМС пораки, кои ќе им бидат достапни по цените предвидени од локалните оператори.

За оние луѓе кои често патуваат, услугата Viber Local Number е повеќе од добредојдена, бидејќи ќе им ја олесни работата во процесот на планирање на патувањето, резервирање на хотели и сместувања, како и за останати обврски во врска со патувањето.




Коментари

коментари