Чек дис аут
Search

Видел чудна дупка во езерото, земал дрон и го снимил реткиот момент (ВИДЕО)

Областа Напа во Калифорнија е позната по винската индустрија и убавите пејсажи. Помеѓу прекрасните зелени ридови и долините покриени со диви цвеќиња, оваа област лесно може да влезе во категоријата на најживописни предели во Америка.

Има многу што да се види, а една од главните атракции е езерото Бериеса. Тоа е седмо најголемо вештачко езеро во Калифорнија, кое го држи 90 метарската брана Монтичело и е дом на позната Славна Дупка (Glory Hole). Се наоѓа во близина на бетонската брана, а има изглед на цветот петунија, што во англиското говорно подрачје го носи името  morning glory, оттаму и името на оваа „славна“ дупка.

Дупката има за цел да го извлече вишокот вода од езерото, а заради сушите кои ја зафатија Калифорнија последните години, поминати беа десетина години откако била последен пат акттивирана.

Заради рекордните врнежи кои ги имал овој предел зимава, дупката повторно се активира, што ги разбуди љубопитните очи на луѓето.

Така овој човек со помош на својот дрон го снимил од блиску  хипнотизирачкиот момент на исфрлање на водата, а сега и вие може да го погледнете одблиску.



Коментари

[fbcomments]