ВИДЕО: Дејвид Бекам го открива значењето на неговите тетоважи

Дејвид Бекам е лицето од новата кампања за производи за нега на кожата за мажи на Biotherm. Во рекламното видео, 41-годишниот спортист откри дека неговите тетоважи ја раскажуваат неговата животна приказна.

Објаснувајќи го значењето на своите тетоважи, Бекам споделува дека орелот му е омилено животно, дека неговиот татко има иста тетоважа со брод како и неговата, дека неговите деца ги напишале зборовите „Те сакаме тато“.

„Приказната за мојот живот е испишана на мојата кожа. Не очекувај да ја прочиташ на моето лице“ – вели Бекам на крајот од видеозаписот, снимен под палката на Јохан Ренк.




Коментари

коментари