Видео: Доаѓа #HМbalmanation, а видео најавата е преjaкa!

Како што беше најавувано со одлични фотографии, кампањата на H&M за новата колекција со луксузниот Балмаин е комплетирана со одличен видео запис.

Станува збор за несекојдневна колекција, со смели дизајни, јаки бои и необични материјали и везови кои никого не оставаат рамнодушен.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=L9o96N0AowM[/tube]

Главната улога ја игра топ моделот Кендал Џенер, а приказната е динамична, футуристична и целосно одговара на специфичниот дизајн и стил кој го презентира овој престижен бренд. Колекцијата излегува на 5ти ноември, во одбрани продавници на H&M низ светот, цените се очекува да се повисоки од стандардните колекции на H&M, а само едно е сигурно – веднаш ќе се распродаде.




Коментари

коментари