Видео кое ќе ве наежи: Саша Ковачевиќ и „Балкан Бенд“ ја пеат „Благуно дејче“

На неодамна одржаниот концерт во преполната арена „Борис Трајковски“ во Скопје, Саша Ковачевиќ, заедно со момците од „Балкан Бенд“ кои го отворија концертот, ја изведоа и „Благуно дејче“. Публиката пееше во еден глас со изведувачите.

Нашите момци беа специјални гости на скопскиот концерт на балканската ѕвезда, а како група која го отвори концертот, како никој досега, успеаја да го оправдаат епитетот „мајстори на живите свирки“ и да ја размрдаат публиката уште од самиот почеток, која со нив ги пееше сите песни од почеток до крај.

Дали овој концерт и оваа прва соработка ќе биде почеток на уште многу други заеднички проекти, со оглед на тоа дека „Балкан бенд“ се познати по соработките со колеги од кај нас и Балканот, останува да почекаме и да видиме, а во меѓувреме уживајте во изведбата на нашата прекрасна народна песна, напревено минути пред да почне и самиот концерт.




Коментари

коментари