Категории

(ВИДЕО) Куќички за птици кои лесно можите да ги направите сами од материјали кои ги имате дома

Со доаѓањето на топлите денови, во нашите дворови и тераси долетаа и нашите весели мали пријатели

Нивното весело црцорење вистински ни недостасуваше во текот на студените месеци а сега конечно нашето секојдневие го исполнуваат со песна и радост. Доколку уживате во друштвото на овие слатки мали пердувести пријатели, сигурно сте размислувале за тоа на кој начин би можеле да им посакате добредојде во своето опкружување.

Куќичките, хранилките и поилките за птици се најубавиот начин да им посакате добредојде на прекрасната песна која секое утро ви ја подаруваат. Поради тоа, одлучивле да ви споделиме неколку едноставни идеи за „Направи сам“ проекти за изработка на куќички за птици.
Воедно со овие прекрасни куќички ќе им обезбедите храна, вода и засолниште а на вашата градина или тераса ќе и дадете шармантен изглед.

Се што ви е потребно веќе го имате во вашиот дом.Можете да ги изработите од пластички шишиња, или дрвени стапчиња од сладолед.
Постапката е доста едноставна и забавна.