Категории

(ВИДЕО) Мараја Кери го претстави новото видео за хитот “All I Want For Christmas Is You”

Најпопуларната божиќна песна доби ново видео

25 години после објавувањето на божиќната композиција “All I Want For Christmas Is You”, Мараја Кери повторно е на врвот на листата на Билборд.
Таа го претстави новото видео за познатата песна, во која е претставена нова димензија на новогодишната химна.

Американската пеачка во видеото променува неколку стајлинзи, од костимот на Дедо Мраз до елегантни вечерни тоалети. Главниот симбол на зимата – божиќното дрво, популарните мечки, снег и поклни се она што го прават видеото исклучително весело и празнично.

Прегледи:
429
Објавено на:
01.01.2020